Пронајдени осум куршуми и 4.200 евра во куќата на убиецот од Цетиње

5

Вук Бориловиќ пред неколку дена уби 10 луѓе, а повреди уште шест пред да биде застрелан во Цетиње, по што полицијата почна истрага.

Полициската управа во Црна Гора соопшти дека куќата на Вук била претресена, а притоа не биле пронајдени камери во неговиот дом, но сепак од неколку други локации полицијата земала нимки кои може да дадат повеќе информации за инцидентот.

Во домот на Бориловиќ биле пронајдени и осум куршуми за ловечка пушка и 4.200 евра, соопштија од полицијата.