Протеран амбасадорот на Либија во Атина, за 72 часа да ја напушти Грција

4

Грчкиот министерт за надворешни работи, Никос Дендиас, утрово го повикал амбасадорот на Либија во Атина и му соопштил дека е донесена одлука за негово протерување од земјата. Амбасадорот има рок од 72 часа да ја напушти Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас утрово изјави дека ова не значи и прекин на дипломатските односи со Триполи.

Оваа одлука доаѓа по договорот меѓу Турција и Либија за морските зони, за кој Атина смета дека го прекршува меѓународното морско право.