Путин и Раиси разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток

1

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со својот ирански колега Ебрахим Раиси за „заострената“ ситуација на Блискиот исток до која дојде по израелскиот напад врз Иранскиот конзулат во Дамаск и одмаздата на Иран со нападот викендов.

Путин изразил надеж дека сите страни ќе покажат разумна воздржаност и нема да дозволат нова рунда конфронтации, што би можело да има катастрофални последици за целиот регион, додека Раиси посочил дека акциите на Иран биле изнудени и ограничени по природа, соопштија од кабинетот на Путин.

Се додава дека разговорите се одвивале на иницијатива на иранската страна.

Раисил рекол и дека Иран не е заинтересиран за понатамошна ескалација на тензиите.

Лидерите се согласиле дека главната причина за актуелните настани на Блискиот Исток е нерешениот палестинско-израелски конфликт и во тој контекст потврдија дека Москва и Техеран се посветени на итен прекин на огнот, олеснување на тешката хуманитарна ситуација и создавање услови за политичко и дипломатско решение на кризата.

Путин и Раиси изразиле желба за развој на билатералните односи меѓу двете земји. Путин на Раиси и на муслиманите во Иран им го честитал завршувањето на светиот месец Рамазан.