Путин: Трамп ќе остане

6

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека очекува американскиот претседател Доналд Трамп да остане на должноста, и покрај тоа што Претставничкиот дом му изгласа отповикување.

На традиционалната годишна прес-конференција во Москва Путин рече дека обвинувањата против Трамп се измислени и рече дека верува оти е малку веројатно дека американскиот Сенат ќе донесе конечна одлука да го отповика Трамп.

„Всушност, навистина се сомневам дека ова е крајот, допрва треба да помине низ Сенатот, каде што знаеме дека републиканците го држат мнозинството, па малку е веројатно дека ќе сакаат да го отстранат претставникот од својата партија поради некои измислени причини“, рече Путин.

Тој рече дека ова е само продолжеток на внатрешнополитичката борба.

„Партијата што ги загуби изборите, демократите, сега се обидуваат да најдат нови начини со обвинувањето на Трамп дека е во дослух со Русија. Но потоа излезе дека не бил во дослух, па ова не смее да биде основа за импичмент. Сега ископаа некако притисок врз Украина“, рече рускиот претседател.

Путин исто така изјави дека Русија е подготвена да постигне нов договор СТАРТ за контрола на нуклеарното оружје со САД, но дека нема одговори на руските предлози.