Пјаниќ во 2009: Реал Мадрид е мојот омилен клуб и така ќе биде секогаш

28

Новото засилување на Барселона, Миралем Пјаниќ во 2009 година изјави дека Реал Мадрид засекогаш ќе биде неговиот омилен клуб.

Миралем Пјаниќ од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона откако синоќа беше комплетирана размената со Јувентус, Артур оди во спротивен правец.

Откако работата со трансферот се заврши, некои се потсетија на една изјава на Пјаниќ дадена во 2009 година која нема да им се допадне на фановите на Барселона.

Тој тогаш рече: „Фан на Реал Мадрид сум од ерата на Зидан и Роналдо (Бразилецот). Тоа е мојот омилен клуб и секогаш ќе биде така“.