Рама: Косово, непобитен и незаменлив камен на мозаикот на Советот на Европа

1

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го отвори патот за членство на Косово, честитајќи му на Косово и додавајќи дека во мај мора да се запечати ова членство, без кое „на европскиот мозаик на Советот на Европа му недостига непобитен и незаменлив камен“.

Според него ова е историски чекор на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за прифаќање на Косово како членка на заедницата на земји на Советот на Европа.

Реагираше и шефот на албанската држава Бајрам Бегај, според кого „сега се очекува само последниот чекор во мај, кој го означува заслужениот момент за славење“.

-Ја поздравувам одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Им благодарам на сите оние кои работеа и го поддржаа вистинското барање на Косово за влез во Советот на Европа. Сега се очекува само последниот чекор во мај, кој воедно го означува и заслужениот момент за славење, напиша Бегај на Фејсбук.

Одлуката ја поздравија и на Косово му честитаа и лидери на повеќе политички партии.