Рестрикции на граница засега не се планираат ниту за странците

3

Веројатно ќе има и нови мутации на вирусот, но со рестрикции не можеме да живееме, вели министерот за здравство
Од ковид-19 се штитиме со вакцинацијa, состојбата во моментов е стабилна и нема потреба од воведување на рестрикции, вели министерот за здравство, Венко Филипче, објаснувајќи зошто не се воведат заштитни мерки за влез во земјава, како задолжителен ПЦР-тест на границите или потврда за вакцинација или прележан ковид.

На новинарско прашање дали се размислува за воведување на вакви мерки барем за странските државјани, Филипче посочи дека таквата мерка не е логична.

Не треба да живееме затворени, фокусот треба да е вакцинацијата, вели Филипче

„Нема никаква логика за едни граѓани да се бара, а за други да не се бара ако граѓаните престојувале во странство. Во таа смисла, ситуацијата сега е навистина мирна. Имаме различни сценарија во различни земји, каде што и покрај тоа што се бараат вакви документи има огромен пораст на случаите, и затоа ставаме акцент на вакцинацијата. Во Велика Британија гледаме дека има огромен број на нови случаи, но важно е што нема смртни случаи. И тоа е суштината“, рече Филипче.

Министерот вели дека епидемиолошката состојба во државата е стабилна и дека не може да живееме затворени. Клучот е во вакцината, рече Филипче.

„Така се и нашите политики конструирани со сите механизми кои ги имаме, кампањите, теренската вакцинација, за што поголем број граѓани да се вакцинираат. Веројатно ќе има и нови соеви на вируси, веројатно ќе има и нови мутации, меѓутоа со рестрикции не може да живееме. Вака ќе го вратиме нормалниот начин на живот,“

Стручњаци од епидемиологијата пак, изминативе денови преку медиумите апелираа да се воведе контрола на нашите граници, поради ризикот од „увоз“ на делта-сојот.