Рим без смртни случаи од ковид-19 за време на викендот

Во Рим за време на викендот не е регистриран ниту еден смртен случај од ковид-19, соопштија властите во Италија, земјата со најголем број на починати лица од коронавирусот во Европа.

40

Регионалните здравствени власти истакнаа дека „трендот на новозаболени на дневно ниво е стабилен“ во главниот град, поточно дека е под 100 дијагностицирани лица со вирусот.

Од ковид-19 во Италија досега починаа над 26.000 луѓе.