Романскиот писател Картареску годинашен добитник на наградата „Прозарт“

6

Романскиот писател Мирча Картареску е добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Наградата ќе му биде врачена во Скопје, за време на 9. издание на фестивалот, најавено од 19 до 22 септември.

„Во престижната награда ‘Прозарт’ не гледам признание за мојата досегашна литературна активност, туку знак на доверба за она што ќе го направам отсега, еден бланко чек кој со голема почит ми го додели жирито“, вели 65-годишниот Картареску.

Тој е добитник на голем број домашни и меѓународни награди, неговите книги се преведени на десетици јазици, а меѓународните критичари велат дека во моментов го претставува најдоброто од европската литература. Работи како редовен професор на Универзитетот во Букурешт и новинар.