Роналдо ја испрати првата порака откако побара да си замине од Јунајтед (ФОТО)Објавено на 15 јули, 2022 И ова лето постои голема неизвесност околу иднината на Кристијано Роналдо за кого постои можност да си замине од Манчестер Јунајтед, клубот во кој се врати во 2021 година се со цел да му помогне на истиот да се врати на старите победнички патеки. Првата негова сезона беше добра на индивидуален план, меѓутоа Јунајтед како тим беше далеку од посакуваното ниво и на крајот освен што остане без трофеи остана и без пласман во Лигата на шампионите. Ова придонесе Португалецот да побара да си замине, односно му порача на клубот да размисли за негова продажба ако дојде соодветна понуда за него. Тој нема одработено ниту еден тренинг на подготовките, не е ниту на турнејата, а официјално причината за тоа се семејни проблеми. Од барањето за заминување Кристијано не се огласуваше во јавноста се досега кога преку социјалните мрежи испрати порака во негов стил. Тој објави како вежба со порака за напорна работа, а навивачите на Јунајтед забележаа дека ги носи шорцевите на тимот од минатата сезона и тоа секако им даде надеж дека можеби напаѓачот ќе остане во сегашната средина. Напаѓачот е под договор со премиерлигашот до 30 јуни 2023 година.

0

И ова лето постои голема неизвесност околу иднината на Кристијано Роналдо за кого постои можност да си замине од Манчестер Јунајтед, клубот во кој се врати во 2021 година се со цел да му помогне на истиот да се врати на старите победнички патеки.

Првата негова сезона беше добра на индивидуален план, меѓутоа Јунајтед како тим беше далеку од посакуваното ниво и на крајот освен што остане без трофеи остана и без пласман во Лигата на шампионите.

Ова придонесе Португалецот да побара да си замине, односно му порача на клубот да размисли за негова продажба ако дојде соодветна понуда за него. Тој нема одработено ниту еден тренинг на подготовките, не е ниту на турнејата, а официјално причината за тоа се семејни проблеми.

Од барањето за заминување Кристијано не се огласуваше во јавноста се досега кога преку социјалните мрежи испрати порака во негов стил.

Тој објави како вежба со порака за напорна работа, а навивачите на Јунајтед забележаа дека ги носи шорцевите на тимот од минатата сезона и тоа секако им даде надеж дека можеби напаѓачот ќе остане во сегашната средина.

Напаѓачот е под договор со премиерлигашот до 30 јуни 2023 година.