Рон Џереми, обвинет за 34 сексуални напади, прогласен за ментално неспособен

28

 

Порноѕвездата Рон Џереми е прогласен за ментално неспособен на судско рочиште, во процесот по вкупно 34 обвинененија за силување и сексуални злосторства извршени врз 21 жена во период од повеќе од 20 години.

Рон Џереми (69) е во затвор од неговото апсење во јуни 2020 година, а според обвинителството, напаѓал жени на возраст од 15 до 51 година, од 1996 до 2019 година. Порноглумецот се изјасни невин во август 2021 година, за повеќе од 30 точки од обвиненијата за сексуален напад, вклучително и 12 точки за силување, во Округот Лос Анџелес. Се соочува со повеќе од 300 години казна затвор.

Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес на сослушувањето објави дека утврдил, врз основа на извештаите на обвинителите и одбраната, дека гллумецот боледува од „неизлечиво неврокогнитивно нарушување“. Адвокатот што го застапува Џереми во март 2022 година образложи дека неговиот клиент не можел да го препознае својот застапник при посета во неговата ќелија пред судско рочиште.

Сослушувањето за одлуката дали порноглумецот ќе биде сместен во државна болница, ќе се одржи на 7 февруари, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител.

Рон Џереми е еден од најпознатите порноглумци во историјата и се појавил во повеќе од 1.700 филмови од 1979 година, кога ја почнал својата кариера.