Русија: Произведена првата серија од вакцината против ковид „Спутник V“ за цивилна употреба

14

Во Русија е произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба, а наскоро ќе следи и дистрибуцијата низ сите региони во земјата.

Руското Министерство за здравство соопшти дека вакцината „Спутник V“ за коронавирус, изработена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, ги минала тестовите во лабораториите на Федералната здравствена служба (Росздравнадзор) и дека е произведена за цивилна употреба.

Претходно, рускиот министер за здравство Михаил Мураско објасни дека производството на вакцината за цивилна употреба во оваа фаза значи дека ќе бидат вакцинирани граѓаните од ризичните групи, првенствено лекарите и наставниците, а вакцинацијата ќе се изврши истовремено со последната фаза од клиничките испитувања.

Според анализата на СЗО, во моментов се работи на 170 вакцини во светот, но како лидери на првата потенцијална вакцина се руската и онаа на шведско-британската група и компанијата „Астера Зенека“.

Трка за вакцина против ковид-19: Се работи на 170 потенцијални вакцини, но никој не прогнозира кога ќе ја има

Русија на 11 август 2020 година стана првата земја што одобри вакцина за коронавирусот за употреба кај населението, и покрај тоа што стигна само до фазата на испитувања 1 и не се објавени меѓународни податоци. Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека вакцината е тестирана на неговата ќерка и дека таа имала малку покачена температура, но се чувствува добро. Тоа предизвика загриженост дека земјата го става националниот престиж пред науката и безбедноста, заобиколувајќи го конвенционалниот начин на тестирање од три фази за да се осигура дека вакцината е целосно безбедна за употреба кај голем број луѓе и воедно ефикасна. Производителот веднаш премина на фаза 3, но ја заобиколи фазата 2. Вакцината ќе се пласира на меѓународно ниво како „Спутник V“, алудирајќи на првиот сателит во светот „Спутник 1“, кој Русија прва го лансираше во вселената и се гордее со тоа.