Рускиот добитник на Нобеловата награда за мир ќе го даде медалот за украинските бегалци

30

Рускиот независен весник „Новаја газета“ ќе го продаде на аукција медалот за Нобеловата награда за мир што го доби неговиот главен уредник Дмитриј Муратов, а средствата ќе ги намени за помош на украинските бегалци.

Во изјавата објавена на веб-страницата на весникот, Муратов рече дека мноштвото „ранети и болни деца“ кои бараат „итно лекување“ го принудиле да го понуди престижниот медал.

Муратов, ко-основачот на Новаја Газета, ја доби Нобеловата награда за мир минатиот октомври за неговата неуморна одбрана на слободата на говорот во Русија.

Главниот уредник во изјавата ја нагласи итната потреба од прекин на огнот, размена на затвореници и обезбедување хуманитарни коридори.

Приходите од продажбата на медалот ќе бидат наменети за Фондацијата за помош на украинските бегалци, невладина организација која се стреми да „обезбеди морална и материјална поддршка на бегалците од Украина“.

Повеќе од 3,5 милиони бегалци сега ја напуштиле Украина, според најновиот извештај на Агенцијата на Обединетите Нации за бегалци.