Садио Мане синоќа спиеше со пехарот (ФОТО)

10

Фудбалската репрезентација на Сенегал синоќа за првпат во својата историја стана африкански шампион во фудбал. Во финалето по подобро изведување на пенали, Сенегалците го совладаа Египет и успеаја во третиот обид да дојдат до првата титула на црниот континент.

Еден од најзаслужните за овој историски успех на Сенегал беше несомнено голгетерот на Ливерпул, Садио Мане, кој утрово веќе објави фотографија на социјалните мрежи како ноќта ја поминал во друштво на шампионскиот пехар.