САД бележат повеќе од 1.000 починати од коронавирус во еден ден, за прв пат од почетокот на јуни

16

САД вчера забележаа повеќе од 1.000 смртни случаи поврзани со коронавирус во еден ден, за прв пат од почетокот на јуни.

Според Ројтерс, откако бројот на жртви паѓал со недели, минатата недела, заклучно со 19 јули, биле регистрирани повеќе од 5.200 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Тоа била воедно и втората недела по ред кога бројот на починати се зголемил.

Починале скоро 142.000 Американци заразени со коронавирус, а експертите предупредуваат дека тој број веројатно ќе се зголеми, со оглед на новите рекордни броеви на нови случаи на инфекција и зголемениот број хоспитализирани во бројни држави.