СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

4

 

Во вкупниот број преземени сообраќајни мерки лани на тетовското подрачје 850 биле мерките кои се однесувале на недавање предност-првенство на пешаци, односно непропуштање на оваа категорија учесници во сообраќајот, дури и на обележани премини, соопштуват денеска од СВР Тетово, по анализа на сите податоци од минатата 2022 година. На возачите-прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност.

-Целта на преземените мерки била и ќе биде поголема безбедност на пешаците, а преку навремено откривање и законско санкционирање на возачите кои не ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. Покрај тоа, за оние кои најнепосредно го загрозиле безбедното движење на пешаците предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година. Во функција на поголема безбедност на пешаците минатата година, исто така, биле организирани и повеќе сообраќајни поуки со кои вкупно биле опфатени 544, најмногу пешаци, но и велосипедисти и мотоциклисти, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според аналитичките податоци на СВР Тетово, во 2022 година  на тетовското подрачје биле изречени и вкупно 334 мерки за користење на неатестирани фолии или фолии поставени спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Глобата за овој вид прекршок из несува 250 евра во денарска противвредност.