СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето на законот за продажба на станови во државна сопственост

9

Пратеничката група на СДСМ бара да се одблокира процедурата за законот за продажба на станови во државна сопственост,  што ја прави, како што рече на прес-конференција пратеничката Даниела Марковска, претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски.

Марковска истакна дека законот е пуштен во собраниска процедура уште на 6 јули 2021 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Стојаноски ја блокира процедурата во Комисијата за финансирање и буџет.

-ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби, рече Марковска.

Со овој закон, појасни таа, се дава можност државните станови доделени на користење на лица кои се вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР, да ги откупат и трајно да го решат своето станбен прашање.

-Ете како ДПМНЕ во македонското Собрание со активна блокада постојано работи против интересот на граѓаните и против интересите на вработените во МВР. Јавно го повикуваме ДПМНЕ и Бојан Стојановски да ја прекинат блокадата и во интерес на овие луѓе да продолжи постапката и законот да биде донесен, рече пратеничката Марковска