СДСМ: Нека не ги фаќа страв и паника ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски и Зечевиќ

4

ВМРО-ДПМНЕ цела недела не може да се соземе од изборниот дебакл што им се случи на вонредните парламентарни избори и шамарот којшто го добија од граѓаните, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Во двете општини каде што имаше избор за градоначалници победи СДСМ и коалицијата а во третата соодносот на советници остана ист, со драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нека не ги фаќа страв и паника ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски и Зечевиќ.

Да имаа добри политики наместо блокади, да беа вредни наместо по одмори, да беа присутни на теренот, да ги почитуваа граѓаните и да работеа за граѓаните можеби ќе имаа подобар резултат.

Хаосот кој владее во ВМРО – ДПМНЕ се прелеа и на теренот. Затоа и не истакнаа кандидат во Центар Жупа а во Маврово Ростуше на цедило го оставија својот кандидат, член на Извршниот комитет на партијата.

Вината за изборниот пораз и пораката којашто им ја испорачаа граѓаните треба да си ја бараат во сопствените редови.

Мицкоски и ВМР0-ДПМНЕ или ќе ги променат своите погрешни, деструктивни политики, или нека му ја мислат за парламентарните избори во 2024 година кога ќе им се случи уште еден изборен пораз.