Семејни проблеми за Трамп во кампањата: Меланија и Иванка не можат да се поднесат една со друга

6

Претседателот на САД, Доналд Трамп почна кампања за втор претседателски мандат и за тоа ќе му треба поддршка не само од гласачите, туку и од сите членови на семејството. Но, се чини дека неговите две омилени жени не можат да се поднесат една со друга.

Според „Дејли мејл“, сопругата на Трамп, Меланија, ѝ рекла на пријателка дека ќерката на претседателот, Иванка, не ѝ дава доволно голема почит како прва дама. Таа, наводно, се обидува да ги грабне „сценските светла“ од неа и се однесува како да е сè уште во ТВ-шоуто на Трамп „Приправникот“.

Сето ова ќе биде напишано во нејзината книга „Меланија и Јас: Подемот и падот на моето пријателство со првата дама“ од нејзината поранешна пријателка Стефани Винстон Волкоф, која, како што рече, има и снимени ленти на кои Меланија лошо зборува за претседателот и неговите деца.

Меланија се пожали дека Иванка секогаш се натпреварува со неа за вниманието на Трамп, како да има повеќе способности да биде прва дама. Иванка има потреба да учествува во сè што се однесува на Белата куќа, дури и кога тоа нема никаква врска. Како секогаш да бара начин да се слушне она што има да го каже – вели извор за „Daily Mail“.

Медиумите пишуваа претходно за кавгите во семејството на Трамп. Меланија, наводно, ја нарекла Иванка принцеза, а таа ја нарекла Портрет, затоа што ретко зборува. Но, ова е првпат грубите зборови на Мелани кон нејзината поќерка да стигнат до јавноста.