Сероне заврши во болница по нокаутот од Мекгрегор

3

Доналд Сероне беше однесен во болница по синоќешната борба со Конор Мекгрегор на УФЦ 246 во Лас Вегас.

„Каубецот“ Сероне требаше да дојде на прес-конференција по борбата што ја изгуби од Ирецот, но претставници на УФЦ соопштија дека тој нема да присуствува поради здобиените повреди и дека морало да биде однесен во болница на проверка.

Борбата го означи големиот камбек на Ирецот во октагонот и му донесе рекорд – тој е прв ММА борач кој остварил нокаут победа во перолесна, лесна и велтер категорија.

Мекгрегор бепе фаворитот во овој меч, но никој не очекуваше дека ветеранот Сероне ќе падне толку лесно.