Се запали болница за ковид-19 во Индија, има загинати (ВИДЕО)

6

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со ковид-19 во Вијајавади, во југоисточна Индија.

Како што објавија медиумите, пожарот избил утрото околу 5 часот по локално време во хотелот во кој биле сместени пациентите. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола, а преживеаните пациенти се преместени во друга болница.
Причината за пожарот не е позната и во тек е истрага.