Се огласи српската полиција: Проверуваме и по 10 дојави дневно за Матеј Периш

12

Потрагата по Матеј Периш, кој ноќта меѓу 30 и 31 декември исчезна во Белград, не стивнува. Покрај полицијата, во потрагата учествуваат и граѓани, кои на социјалните мрежи направија групи посветени на потрагата.

Милош Станимировиќ од одделението за истаги на МВР на Србија за РТС наведува дека дневно добиваат по десетина пријави или дојави дека Матеј Периш некаде бил виден.

„Апсолутно сме должни да реагираме на секоја пријава, ја проверуваме секоја пријава. Значи, ако се пријави дека Матеј е виден на одредена локација, ќе извршиме теренска проверка, ќе се разговара со неколку лица, но досега не дојдовме до нови сознанија од таквите извештаи“, објаснува Станимировиќ.

Тој додава дека Матеј се барал од денот кога била поднесена пријавата за неговото исчезнување.

„Од денот кога е поднесена пријавата за исчезнувањето на хрватскиот државјанин Матеј Периш, трагаат по него, утврдена е рутата на движење, како за самиот Матеј, така и за компанијата со која дошол во Белград од Загреб. Извршени се теренски проверки на апартманите во кои тие престојуваа, местата кои ги посетувале и локалите, наведува гостинот во Белградска хроника.

Тој наведува и дека интензивно продолжува истрагата по хрватскиот државјанин Матеј Периш кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември.

Ненад Периш, таткото на Матеј Периш изјави дека со оглед на изминатото време надежта му е намалена, но дека не е згасната и дека мисли дека потрагата по него ќе заврши среќно.