Се појави газдата на дивоградбата кај Мавровка со еден куп документи и адвокати: Ќе тужам на суд

423

Додека јавното претпријатие „Македонија пат“ ја рушеше дивоградбата кај Мавровка , пред новинарите за прв пат во јавноста се појави фамозниот газда на нелегалниот објект Мевљудин Алити, кој беше придружуван од двајца адвокати со еден куп документи и тврди дека претходно стекнал статус на сопственост со легализација

„Не сакав да излегувам пред камери, затоа што ова е приватна парцела. Нека рупи дрќавата како што е научена да руши, нека ми ги остави вработените и фамилијата без леб. Ќе одам во Стразбур ако треба. Градоначалникот не може да ги знае сите сопственици на парцели. Уште третиот ден кога беше објавено дека е дивоградба, јас бев во полиција“, рече Алити.

Неговиот адвокат рече дека ќе одат на суд бидејќи ја имаат сета потребна документација и дека таму ќе бараат отштета за отстранувањето што го прави „Македонија пат“ по налог на Владата.

„Кога Охрид бара помош за рушење на дивоградбите никој не им ја дава, а на нас ни ги пушта Македонија пат“, рече адвокатот.