Се преговара со ОКТА за нов договор за нафтоводот

11

Се преговара со ОКТА за нов договор за нафтоводот, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат М.

-Не знаете дека преговараме исто со Окта за пуштање на нафтоводот внатре. Под кои околности, ќе се договориме. Сето тоа е еден сериозен енергетски потенцијал. По посетата во Грција, денеска имавме состаноци, изразуваме желба да учествуваме со акции во Александрополис, со терминалите, како држава зборувам, не само компаниите, рече тој.

Информира дека Македонија со поддршка на САД ќе реализира сериозни енергетски проекти, а го спомена и приклучувањето во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и нашата.

Тој рече дека Македонија ќе резервира гас за иднина затоа што е евтин енергенс, а можно е тоа да биде гас од САД, Азербејџан, Израел. Најави и дека можеме да учествуваме со 25 проценти во гасна централа.