Се чека да пристигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“

17

Денеска во земјава ќе пристигнат 10 илјади вакцини против коронавирус на „Фајзер“, а остатокот од оваа пратка се очекува да пристигне за неколку дена.

Како што соопштија од Министерството за здравство, првата пратка денеска ќе пристигне преку аеродромот во Софија, а попладне се очекува да бидат транспортирани во Скопје.

Според планот, на 26-ти април ќе пристигне и втората пратка од исто така 10 илјади дози од вакцината на „Фајзер“.

Да потсетиме, во земјава досега се вакцинирани само 35 илјади граѓани со вакцините на „Астра Зенека“, како и руската „Спутник-V“ и кинеската вакцина. Масовната вакцинација се очекува непречено да продолжи во следните месеци, а кон крајот на април најавени се и 200 илјади кинески вакцини.