СЗО бара од САД да ги споди податоците за коронавирусот

20

Доктор Дејв Фишер, претседавач со Мрежата за глобално предупредување и реагирање, со која координира Светска здравствена организација, изјави дека теоријата дека коронавирусот е „произведен” во лабораторија „сè уште е на маса” и е „непроверена”.

Американскиот весник „Волстрит џурнал” минатата недела повикувајќи се на американски разузнавачки агенции објави дека тројца неименувани членови на персоналот на лабораторијата во кинескиот град Вухан имале симптоми на Ковид-19 уште во ноември 2019 година и дека биле хоспитализирани. Шефовите на разузнавачките служби на САД истакнаа дека не знаат како вирусот првично се пренесувал, но дека имаале две теории – се пренел на човекот од заразени животни или дека станува збор за лабораториски инцидент.

Д-р Фишер за радио Би-Би-Си побара САД да ги споделат разузнавачките податоци и оти „Волстрит џурнал” не е начин на кој се споделуваат научните факти.

Поголемиот број научници тврдат дека Ковид-19 се пренел од животните на човекот, додека некои експерти побараа да продолжи да се изучува теоријата дека вирусот е „произведен” во лабораторија.