СЗО: Се очекува подобрување на состојбата со заразните болести

2

 

Светската здравствена организација денеска изрази уверување дека состојбата на глобално ниво во борбата против опасните болести ќе се подобри во наредната година.

СЗО изјави дека очекува укинување на глобалната вонредна состојба поради коронавирусот, како и неминовен крај на епидемијата на ебола во Уганда.

Во соопштението се нагласува дека пандемијата на коронавирус значително ослабе оваа година, како и дека глобалната епидемија на мајмунски сипаници се намалува и оти во Уганда повеќе од три недели не се појавил нов случај на ебола.

СЗО објави дека напорите за спречување, тестирање и лекување на маларијата ширум светот исто така дале резултати и дека смртноста од оваа болест не е зголемена.