Силен земјотрес регистриран и во централна Турција

13

 

По разорниот земјотрес утринава, во централна Турција денеска беше регистриран нов земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 13 часот и 24 минути по локално време бил на длабочина од два километри, на оддалеченост од 67 километри североисточно од Кахранманмараш.

Во меѓувреме, претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека бројот на жртви од земјотресот што утрово ја погоди Турција се искачи на 912.

Тој додаде дека 5.383 лица се повредени во силниот земјотрес со интензитет од 7,98 степени според Рихтеровата скала што рано утринава погоди дел од Турција во близина на границата со Сирија.