Скопје на десетото место во светот според загаденоста на воздухот

3

 

Со индекс на загаденост од 173 Скопје по 10 часот утрово е уште меѓу десетте најзагадени поголеми градови во светот. Во текот на ноќта Скопје беше и на четвртото место. Се очекува во текот на денот загаденоста да се намали имајќи предвид дека според прогнозата на УХМР ќе имаме облачно време со можност за повремен дожд.

На неславната листа на градови каде се дише опасен воздух, меѓу првите 10 градови ниеден не е од Европа, а не е ниту во првите 30 градови.

За разлика од претходните денови кога позагадени беа источните населби, како Аеродром и Гази Баба, утрово позагадени се западните населби во Скопје, особено во општината Карпош.