Скопје останува блокирано

7

Одговорните лица на Град Скопје не се ни обидуваат да не контактираат, да седнеме да се договориме. Засега блокадите остануваат, изјави Ленин Јовановски, директорот на „Слобода превоз“. Град Скопје само најави дека денеска ќе распише јавен повик за нови договори со приватни превозници.

Приватните автобуси кои беа дел од градскиот превоз веќе три дена со паркирани на три раскрсници во центарот на Скопје со што речиси во целост го блокираат сообраќајот во главниот град.

Приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ бараат да им се плати долгот поголем од 1,5 милиони евра за да продолжат со работа. Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска вчера дојде информацијата дека градот денеска ќе распише јавен повик за приватни превозници на градските линии со број 20 и 22.

И „Слобода превоз“ и „Макескпрес“ во меѓувреме добија известувања од градските власти за раскинување на договорите бидејќи Град Скопје смета дека тие не ги исполнуваат условите и не се придржуваат до одредбите од договорите.