Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

8

Главниот град се најде на единаесетата позиција на најзагадени градови во светот на листата на air visual.

Освен Скопје, загаден воздух денеска дишат и жителите на Тетово, Куманово, Битола, а во Струмица е воздухот е средно загаден.

Според апликацијата „Мој воздух“ синоќа најголемо присуство на пм 10 честички имаше во населбата Ново Лисиче и кај ректорат. Во Ново Лисиче присуството на штетните пм 10 честички во воздухот биле за пет пати повисоко од највисоката дозволена гранца и изнесуваа 258 микрограми.