Соборен рекордот во предвремено гласање – досега гласот го дадоа над 12 милиони Американци

26

Предлог-одлуката за бројот на потпретседатели на Собранието денеска на пленарна седница

Кандидатите за претседател на САД од Републиканската и Демократската партија, Доналд Трамп и Џо Бајден вчера одржаа предизборни собири во важните сојузни држави Пенсилванија и Флорида, на нецели три седмици пред изборите закажани за 3 ноември.

Досега 12 милиони Американци гласаа на изборите, вклучувајќи 1,6 милиони на Флорида, покажува проекцијата на Универзитетот Флорида. Со тоа е урнат рекордот по бројот на предвремени гласови.

На митингот во Пенсилванија, Трамп ја критикуваше енергетската политика на Бајден, бидејќи индустријата за нафта и гас вработува голем број жители на таа држава, а анкетата на Ројтерс/Ипсос покажува дека актуелниот претседател заостанува зад Бајден во клучните држави.