Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на Ромите

1

Во Собранието денеска Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија (ИППГ) заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромите.

Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателка на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија Љатифе Шиковска и  Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Видео-обраќања ќе имаат генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации Антонио Гутереш и Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.

Предвидено е и свечено доделување на плакети за даден придонес во процесот на интеграција на Ромите во Република Северна Македонија. Плакета ќе добие Зоран Димов, претседател на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите ќе има можност за разгледување на изложбени историски артефакти преку фотографии и видео.