Сончево со мала до умерена облачност

2

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.