Софијанова за коронавирусот: Имаме работа со нешто непознато, сега се случува нешто страшно

37

Докторката Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје во вечерашното издание на дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за тоа кои маски најдобро штитат од коронавирусот.

– Најдобри маски се Н95, но сите маски штитат, вели Софијанова, објаснувајќи дека со овие маски се прочистува воздухот.

Таа смета дека државата треба да се потруди на населението да обезбеди маски, особено од типот Н95, зошто не секој може да си ги дозволи.

Софијанова смета дека мерката за задолжително носење на маска на отворен простор е исправна.

-Јас имам конзервативен став околу оваа мерка и сметам дека е исправна, и тоа не е направена како аналитика и статистика. Но, тоа е статистика на глобално ниво. Експертите правеле анализа на вирусот, и сметаат дека е исправно така. Од друга страна имаме работа со нешто непознато. Имаме вирус кој беше вирулентен, па се намали тоа, и сега се случува нешто страшно – рече Софијанова.