Спасовски: Мандатарот ќе реши дали и натаму ќе бидам министер

11

Оливер Спасовски, министерот за вантрешни работи, при денешната посета на Пробиштип, рече дека новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој наедно треба да биде и премиер на новата Влада, ќе одлучи дали тој и понатаму ќе го води својот ресор.

– Ова не е прашање за мене, туку за мандатарот , кој ќе одлучува за тоа. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да одработам. Мандатарот ќе одлучи за тоа кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, рече Спасовски, како одговор на новинарско прашање.

Актуелниот заменик-министер за финансии Ковачевски вчера беше избран за нов претседател на СДСМ, а се очекува, откако беше обезбедено ново парламентарно мнозинство, да го замени Зоран Заев како премиер на земјата.