СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг

2

Социјалистичката партија на Македонија цени дека обидите на СДС и ДУИ да го прогласат првиот изборен круг на претседателските избори како да не постои е безобразен и срамен начин за игнорирање на народната воља.

Предизборната кампања и реторика на власта е полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.

За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа,  ги поразија со пенкало и со силна воља за промени.

Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат.

Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната воља.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност на 8 мај и гласање за Коалицијата „Твоја Македонија“ која единствоено  има сила и моќ за промени и за просперитет и развој на државата.