Средба на Радев и Пендаровски на аеродромот во Скопје

27

Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, слета денеска на аеродромот во Скопје каде беше пречекан од шефот на нашата држава, Стево Пендаровски.

Во тек е средба на двајцата претседатели на аеродромот во Скопје, по што се најавени и изјави за медиумите.

Пендаровски и Радев потоа заедно, со авионот на бугарскиот претседател ќе заминат во Рим каде ќе ја посетат базиликата “Санта Марија Маџоре”, каде заеднички ќе им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј.