Српски епидемиолог: Македонците го заразија Врање, во градот сѐ повеќе заболени од ковид

82

Во Врање се зголеми бројот на заболени од коронавирусот.

Во градот денес се регистрирани 127 нови случаи на коронавирус, што е значително повеќе отколку во средата, кога имаше помалку од сто. Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ за РТС вели дека причината за скокот на бројот на заболени е што луѓето малку се опуштиле, но и дека граѓаните на Македонија масовно доаѓаат во продавниците во Врање.

Туристички агенции организираа шопинг тури во Врање, откако се укинаа ПЦР тестовите за влез во Србија. И во Србија генерално расте бројот на заболени. Дневно имаат до 2.000.

Во Србија болниците повторно се полни и стигнуваат сѐ потешки случаи. Расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19, вели директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести д-р Горан Стевановиќ, по состанокот со министерот за здравство.