Суарез „потврди“ дека ќе си оди од Барса!

3

Шпанските медиуми сè повеќе шпекулираат околу тоа дека Луис Саурез на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Барселона.

Луис Суарез моментно се наоѓа во Уругвај каде што има репрезентативни обврски и воедно имаше интервју за тамошниот „Овасион“ во кое ги откри плановите за иднината и неговата сегашна ситуација во Барса.

Наскоро ќе наполни 33 години и дека влегува во последните години на својата фудбалска професионална кариера, но се надева дека ќе добие шанса за настап на Светското првенство 2022 година во Катар.

– Не е лесно да се игра за Барселона, а особено не е лесно да се игра пет години по ред. Барањата се страшно високи, секои три дена поминувате низ тестови, нема одмор и не ви „простуваат“ лоши натпревари. Ќе дојде време кога ќе морам да си заминам од Барселона, но додека можам да играм и имам конкуренција, ќе бидам добар – рече Суарез.

Прочитајте и… Македонските фудбалски надежи одиграа реми со БиХ!
Сезонава во дресот на каталонскиот клуб во шпанската „Ла Лига“ има 10 натпревари и шест голови. Пред да се пресели на „Камп Ноу“, четири сезони ги бранеше боите на Ливерпул, четири во Ајакс, по една во Гронинген и Насионал.

Моментно важечкиот договор со Барселона му истекува на 30 јуни 2021 година, со вредност од 50 милиони евра според „Трансфермаркт“.