Суарез со хет-трик дебитираше за бразилски Гремио

4

 

Блескава премиера во својот нов клуб, бразилски Гремио, имаше синоќа 35-годишниот уругвајски напаѓач Луис Суарез, кому едно полувреме му беше доволно да постигне три голови.

Суарез неодамна без обесштетување го напушти уругвајски Национал и го засили Гремио, кој минатата сезона настапуваше во бразилската Серија Б, но избори враќање во елитната Серија А.

Во дуелот од Суперкопот Рекопа Гаучо неговиот Гремио триумфираше над Сао Луиз со 4-1, а Суарез постигна три голови во првото полувреме.

За уругвајскиот напаѓач тоа беше прв хет-трик во кариерата од ноември 2013 година, кога во дресот на Ливерпул постигна три голови против Норич во Премиер лигата.