Судот нареди Бил Козби да биде пуштен на слобода, пресудата укината

8

Врховниот суд во Пенсилванија ја укина пресудата за комичарот Бил Козби со која беше прогласен за виновен за сексуално злоставување.

Козби отслужи 2-годишна казна во државниот затвор во близина на Филаделфија. Прогласен е за виновен за дрогирање и злоставување на поранешната кошаркарка Андреа Констанд во 2004 година. Осуден е во 2018 година.

Пресудата е укината откако се постигна договор со претходниот тужител кој спречи Козби да биде обвинет во споменатиот случај. Утврдено е и дека сведочењата на тужителите кои не се поврзани со случајот значајно влијаеле на судењето.

„Пресудата на Бил Козби се укинува и тој е ослободен“, е наведено во заклучокот на судот.

Бил Козби, комичар и актер, е најпознат по улогата на татко и сопруг во хумористичната серија од 80-тите, „The Cosby Show“.

Неговата репутација беше нарушена кога повеќе од десетина жени го обвинија за сексуален напад. Неговата осуда беше клучен момент во движењето #MeToo.

Козби е прогласен за виновен за сексуално злоставување на Андреа Констанд во нејзиниот дом во 2004 година, откако ѝ дал неидентификувани таблети.

83-годишниот актер преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои го поддржуваа во последните години.