Тајани: Иран мора да го прекине прогонот и погубувањето на граѓаните кои протестираат

3

 

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Иран мора да го прекине прогонот и егзекуцијата на граѓаните кои учествуваат на протестите во таа земја и да започне дијалог со нив.

Тој го изјави ова откако го покани иранскиот амбасадор на разговор.

Тајани рече дека смртните казни за луѓето кои учествуваат во демонстрациите или жените кои одбиваат да носат шамии се непропорционална и неприфатлива форма на казна.

Протестите низ Иран избија на 16 септември по смртта на Махса Амини (22), кој беше приведен од „полицијата на моралот“ поради наводно неправилно носење хиџаб и се претворија во општонароден бунт против власта.

Бројни демонстранти се осудени на смрт, а некои веќе се егзекутирани.

„Амнести интернешнал“ соопшти дека иранските власти бараат смртна казна за најмалку 21 лице поради учество во протестите.