Телма дознава: Примероците од РДФ отпадот за УСЈЕ не отстапуваат од стандардите

7

Телма дознава дека резултатите од испитувањето на РДФ отпадот наменет за УСЈЕ, кои беа испратени на испитување во Естонија покажале дека нема отстапување од ЕУ стандардите.

Пред десетина дена, четири од 16 камиони со РДФ отпад или така наречен еко-енергенс наменет за Цементарница УСЈЕ беа запрени на граничниот премин Богородица. Инспекторите од животна средина земаа примероци од дел од камионите, кои ги испратија на испитување во Скопје и во Естонија.

Царината особено од невладините беше под удар затоа што не спроведуваше истражување на содржината туку се потпираше на царинските декларации за увозот на италијански отпад.

Во државата РДФ отпад за горење увезува и користи само Усје, лани увезле над 4 илјади тона главно од Италија. Транспортот на РДФ се врши секој вторник, од Италија се носи со брод до Солун, а потоа со камиони се префрла до Усје. РДФ отпадот е алтернативно гориво кое содржи биоразградливи елементи.