Тотенхем можен противник на Шкендија, Селтик на Силекс, а Галата на Ренова

54

Македонските претставници во квалификациите за групната фаза во Лигата на Европа вчера ги добија противниците со кои ќе се судрат во третото коло, а денес ќе ги дознаат и можните противници во следната фаза.

Така, најпромаплив противник може да добие Шкендија, затоа што еден од евентуалните противници му е Тотенхем, се разбира доколку англискиот гигант слави над Локомотив Пловдив. Покрај премиерлигашот на листата можни ривали на тетовчани се уште победникот од дуелот меѓу Бела Таун и Стандард, како и екипата на Ростов на нашиот Давид Тошевски.

Во случај Ренова да го елиминира хрватски Хајдук пред себе ќе го има со победникот од мечот Кајсариспор – АПОЕЛ, подобриот од дуелот ЦСКА Софија – Бате Борисов, победникот од Нефчи – Галатасарај или пак со Викторија Плзен.

Силекс пак ако ја мине Дрита за можни противници ги има шкотскиот гигант Селтик, како и Легија Варшава и Судова.