Трамп за Сулејмани: Уништивме тотално чудовиште

5

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Касем Сулејмани, иранскиот генерал убиен во напад на американско беспилотно летало, планирал да ја разнесе американската амбасада во Багдад.

„Политико“ пренесува дека тој го нарекол Сулејмани „тотално чудовиште“ и дека „требало да биде уништен многу порано“.

– Јас ќе го кажам ова – фативме тотално чудовиште. Ние го уништивме. Требаше да се случи многу порано. Ние го сторивме тоа затоа што тие имаа намера да ја разнесат нашата амбасада. Ние го сторивме тоа од очигледни причини, еден од нашите луѓе во армијата загина. Тој беше сериозно повреден само една недела порано, рече Трамп, според „Политико“.

Малку подоцна, на митингот како дел од неговата изборна кампања во Толедо, Охајо, Трамп рече дека Сулејмани планирал напади на повеќе амбасади на САД.

– Сулејмани активно планираше нови напади и сериозно ги разгледуваше нашите амбасади, не само амбасадата во Багдад, но ние го запревме, им рече претседателот на своите избирачи.

Трамп, според Ројтерс, го претвори убиството на Сулејмани во тема на неговата кампања.

Трамп посвети голем дел од својот говор во Толедо бранејќи ја својата наредба за иранскиот генерал да биде убиен, отфрлајќи ги критиките од демократите кои тврдат дека тој го надминал својот авторитет, додава британската агенција.