Трамп изгубил 700 милиони долари додека бил претседател

9

Богатството на ДОналд Трамп намалено е за 700 милиони долари во периодот додека бил претседател на САД:

Според податоците на Блумберг, Трамп го почувствувал и влијанието на пандемијата од корона вирус затоа што вредноста на неговите згради, брендирани хотели и одморалишта опаднала, како и приходите. Неговата флота авиони и терени за голф исто така изгубиле од вредноста. Богатството на Трамп сега се проценува на 2,3 милијарди долари.

Блумберг до податоците дошол со анализа на финансиските документи во периодот од мај 2016 до јануари 2021 година.

Меѓутоа, финансиите и семејниот бизнис на поранешниот американски претседател се предмет на истрага.

Комерцијалните недвижности чинат три четвртини од неговото богатство, а биснис облакодерите кои ги поседува или е сосопственик изгубија на вредноста затоа што голем број луѓе работат од дома. Тоа е тренд кој може дого да трае.

Дојче банка беше единствената банка волна на Трамп да му позајмува пари по неговиот банкрот во деведесеттите години на минатиот век, но по неодамнешните нереди во САД соопштија дека нема повеќе да работат со него.

Трамп поседува и флота авиони вклучително и „Боинг 747“. Овие авиони се стари неколку децении и вредноста им опаѓа. Седум авиони во 2015 година чинеа 59 милиони доалри, а пет од нив во 2020 само околу 6,5 милиони долари.