Трајковски повторно не дојде на судењето за ТНТ, тешко зборел и не бил ориентиран

6

Јовица Страшковски, адвокат на Тони Трајковски, информираше дека неговиот клиент, кој повторно не дојде на денешното рочиште за случајот “ТНТ”, вчера пак бил хоспитализиран на ургентниот центар а утринава на клиниката за неврохирургија. Тој пред судијата ја презентираше вчерашната медицинска документација а рече дека ќа донел и денешната.

Страшковски тврди дека и неговиот клиент тешко зборел и не бил ориентиран.

Во меѓувреме, обвинителот Бурим Рустеми, побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски и 3-цата обвинети членови на комисијата за јавни набавки за случајот “ТНТ”. Според него, за останатите обвинети овој случај треба да продолжи (Груевски, Јанакиевски) за да не почнува од почеток.

Одбраната не се согласува со раздвојување на судењето. Тие тврдат дека денеска и не треба да има судење, затоа што вчера на полноќ и истекол мандатот на поротничката.