Триесет и девет илјади туристички работници погодени од корона пандемијата

43

Според Здружението за угостителство и туризам, намалувањето на странски туристи во земјава во споредба со регионот е најголемо, што упатува на заклучок дека мерките за позиционирање на земјава како дестинација на меѓународниот туристички пазар се најслаби од сите држави во регионот, а загубата на бројот на туристи и ноќевања е највисока. Од друга страна од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека споредба со земјите од регионот е невозможна, особено во време на пандемија

Редакција КОХА

Тодор Аслимовски од Охрид со години работи како туристички водич во неговиот роден град. Најчесто е со групи од регионот кои ги договара преку туристичките агенции со кои соработува. Вели дека процесот е сложен бидејќи мора да се добијат податоци за големината и структурата на групата, потреби, интереси и очекувања. Но, Аслимовски е познат порадиразличниот начин на кој им пристапува на тристите.  „Дочекот најчесто го исполнувам со содржини низ кои се изразува нашата култура , традиција и гостопримливост.Секако значајно место зазема анимацијата на туристите која ја реализирам во форма на игра низ самата прошетка, рецитации, наградни прашања за гостите и безброј други содржини“, вели Аслимовски.  Сепак корона пандемијата значително го погоди туристичкиот сектор. Се затворија границите, се пропуштаа само камиони, летови беа откажани а на 14 март 2020 година беше затворен и аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид. Една недела по ова на 21 март за прв пат беше воведен и полициски час, па следуваше време на долги карантини и рестриктивни мерки. Секна работата за туристичките водичи.

„Рестриктивните мерки  кои беа воведени буквално оневозможија туристичка активност и следствено на тоа изостанаа активности за водење на туристички групи. Во летото 2020 состојбата со мерките се релаксира, со владини мерки се поттикна но домашниот туризам за да се помогне на туристичкиот сектор. Сепак туристите беа од земјава па потребата од водење на туристички групи со нивбеше речиси сведена на минимум.Скоро и да нема таква потреба , не само во услови на пандемија, туку и во нормалните туристички движења во нашата земја“, вели Аслимовски. Државата во 2020 та година се обиде да го помогне овој сектор со мерката „Поддршка со плати за туристичките водачи“. На сите регистрирани туристички водичи, за месеците октомври, ноември и декември им е исплатена бруто плата од 21.700 денари или 335 евра. Вкупно се исплатени 78 водичи со 5 милиони денари.  Од Асоцијација на туристички водичи велат дека 2020 тата година беше особено тешка за нив,затоа што работата паднала, не одреден процент туку фиксни 100% . Тоа предизвикало огромен проблем вонивните семејства.

„Знам дека добар дел од нив се зафатија со работи кои им овозможија да како така ги преранат семејствата  а има и случаи кои ја напуштија Макединија! После долг перод во декември 2020 успеавме да влеземе во 4 пакет мерки и одреден број наши колеги да земат по 60.000 ден. Потоа не заборавија во 5 пакет,шти не натера повторно да бидеме гласни,за да не вккучат во 6тиот пакет и пролетта 2021 да добиеме по 30.000 ден. И тоа е се!Мислам дека може лесно да се пресуди колку е возможна егзистенција со 90 тина илјади за период од 2 години!“, вели  Димитар Кавраков, претседател на Асоцијацијата на туристички водичи. Но, туристичките водичи се само еден од многуте делови кои се погодени од корана пандемијата. Според Агенцијата за промоција и поддршкана туризмот во туристичкиот сектор, хотелскиот и транспортот напатници се вработуваат околу 39,000 работници. Кон крајот на февруари 2020се создаде координативното тело во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а фокусот беше да се задржат сите работни места.

БРОЈОТ НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ ВО 2020ТА ИСТОРИСКИ НАЈЛОШ, ДРЖАВАТА БРОИ ЗАГУБИ

Според последните податоци на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија во 2020 година, бројот на туристите во споредба со претходната 2019 та година е намален за -60%. Но она што е карактеристично е што кај странските туристи има намалување од 84,4%, додека кај домашните има намалување за -18 %. Во 2020 година, во однос на претходната година, бројот на ноќевањата се намален за -48 %, и исто така ноќевањата од странски туристи се за 84% помали во споредба со претходната година, а кај ноќевањата на домашните туристи има намалување за -14,2 %.

„Пандемијата направи огромни пресврти во туристичката индустрија. Овој сектор претрпе најголеми штети имајќи ги пред вид мерките на Владите ширум светот, застојот и забраната за движење како и одредено превентивно однесување на туристите. Во текот на 2020 та година Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот лансираше кампања „Дома си е дома“со цел да го поттикне и раздвижи домашниот туризам, но не пласираше маркетинг кампањи во во странски држави. Веќе во 2021 год со олеснување на мерките, маркетинг кампањи беа пласирани во 6 регионални држави со цел да се информираат потенцијалните туристи дека РСМ е безбедна дестинација за патување, вели Љупчо Јаневски, директор на АППТ. Според Министерството за економија главни проекти кои придонесоа за подобрување на состојбата во 2021 ва година се кампањите „Дома си е дома“ и „Ваучер за домашен туризам“, додека за странските туристи беше „Безбедносниот печат“ (safe travel stamp). Од ова министерство велат дека само преку ова министерство се издадени грандови во 2020 та во вредност од речиси 10 милиони евра, а најголем дел односно повеќе од 6 милиони евра се исплатени за ваучер за издавање на ваучери за невработени или со низок доход, заради поттикнување на домашен туризам. Во овие мерки спаѓаат и грантовите за туристичките агенции за кои биле одвоени 1 милион и 300 илјади евра, како и за грантови за туристички водичи за кои се одвоени 84 илјади евра.

2021 ГОДИНА ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ УСПЕШНА, ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ ЕДВАЈ ПРЕЖИВЕАНА

На прославата на Светскиот ден на туризмот 27 септември, во земјава како да постоеја две реалности за тоа како помина 2021 ва на туристички план. Министерот за економија Крешник Бектеши ја прогласи за успешна, нагласувајќи дека мерките вродиле со плод. Според него мерките кои ги имплементирала Владата дале видливи резултати. Според него од јануари до јули во 2021 година бројот на туристи се зголемил за 56,6% споредено со бројот на туристи лани. „Можеме да резимираме дека имавме успешна сезона благодарение на политиките и мерките кои беа донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија во консултација и соработка со приватниот сектор“, изјави Бектеши, Министер за економија. По истиот повод Стопанската комора излезе со поинаква реалност, од таму не го споредуваа бројот на туристи со катастрофалната 2020 година, туку со 2019 та. Сметаа дека нивните податоци говорат за катастрофата со која сесоочува секторот и за потребата од натамошна поддршка. „Периодот јануари – јули 2021 за разлика од првите седум месеци во 2019 година, бележи просечно намалување на бројот на туристи за 80% и 77% на реализирани ноќевања од традиционалните пазари. Најголем пад има Скопје, па езерските туристички места а најмал планинските“, рекоа од Стопанската комора.

Според Здружението за угостителство и туризам, намалувањето на странски туристи во земјава во споредба со регионот е најголемо, што упатува на заклучок дека мерките за позиционирање на земјава како дестинација на меѓународниот туристички пазар се најслаби од сите држави во регионот, а загубата на бројот на туристи и ноќевања е највисока. Од друга страна од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека споредба со земјите од регионот е невозможна, особено во време на пандемија. „Секоја земја има различна туристичка понуда, внатрешна организираност, соработка со одредени земји. Последиците врз индустријата се резултат пред се на брзината и можноста за прилагодување на приватниот сектор на промените кои се наметнати од самата пандемија. Приватниот сектор е тој кој што директно ги склучува договорите со странските тур-оператори, АППТ има надлежност во промоција, подигање и одржување на туристичкиот потенцијал на ниво на цела земја“, вели Љупчо Јаневски, директо на АППТ.  Но, ваквите тврдења на државната агенција ги негираат од Националната асоцијација за дојдовен туризам. Незадоволни се од недоволната промоција на земјава на саеми, на дестинации од кои земјава би можела да привлече туристи.

„Оваа година немаме ни 100 илјади евра за промоција на државата, а за споредба најмногу што имаме стигнато е 1,2 милиони евра.  За годинава се многу малку пари за да се направи нешто, а тоа е клучно. Паднавме на девизен прилив од 140 милиони долари на 400 милиони, а странските туристи скоро целосно се изгубени. Ние со наши сретства како тур оператори се обидуваме да сториме нешто. Не знам ни дали тие 100 илјади евра ке се потрошат оти во програмата стои дека ќе одиме во Римини, но ние ќе одиме, а држават нема штанд, а нема ни еден потврден саем дека некаде ќе се промовира државата“, вели Влатко Сулев,  претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам. Според податоците од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во 2017 државата одобрила 686 илјади евра, следната 2018 та уште повеќе и тоа 760 илјади и била најдобра во анализираниот период, за наеднаш парите за оваа намена да паднат во 2020 и 2021 кога едвај 115 илјади евра се одобрени за промоција на државата како туристичка дестинација.

КОГА МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА НОРМАЛИЗИРАЊЕ, НАУЧЕНИ ЛИ СЕ ЛЕКЦИИТЕ ОД ПАНДЕМИСКАТА 2020-та?

Нема оптимизам меѓу вработените во туристичкиот сектор за брзо опоравување од кризата што ги зафати. Во најдобра варијанта прогнозираат дека тоа ќе зависи од многу фактори.  „Уште лани во мај констатиравме дека ако кризата потрае и тоа само до тоа лето, дека туризмот нема да се врати до 2023 та а ако трае до крај на 2020 нема да се вратиме до 2027. Новите анлизи ни кажуваат дека нема да се опоравиме до 2025 та  и тоа не се индивудуални проекции туку се факти извлечени врз база на светски трендови, интересот на странски тур оператори, интересот на нашите традиционални и региионални туристи кои биле присутни тука постојано“, вели Даниела Михајловска Василевска, Сојуз на стопански комори. Сличен став имаат и од Националната асоцијација за дојдовен туризам. „ Потребна е заедничка стратегија, со државата во која насока и кои пазари ке ги освојуваме. Вака ние трчаме на една државата на друга страна. Агенцијата која е дом за промоција и поддршка не е функционална така како што е поставена. Учеството на приватен сектор во последни години е никакво за инкаминг  политики и програми, ние воопшто не учествуваме, исклучени сме од совет, а не сме биле никогаш ни дел од управниот одбор“, вели Сулев.

И туристичките водичи не се задоволни. „Оние кои што требаше да ја научат лекцијата не беа погодени од пандемијата,веројатно по ниту еден основ!2021 има мали помрднувања но тоа не ја гаси алармантната сијалица!Ние не бараме милостиња од државата туку бараме да обезбеди услови да бидеме препознати како сигурна дестинација и да почнат нашите соработници од странство да ги остварат своите одамна закажани аранжмани за посета на Македонија. Со тоа ние ќе заработиме и нема да им се молиме на министерствата, ќе ги оставиме на мира!“, вели Кавраков. Од државната агенција пак прстот го вперуваат во приватниот сектор и во тоа како тој ќе се снајде во пост ковид ерата. „Бројките кои ги имавме во 2019 година ги надминаа сите очекувања и тој рапиден раст во брзо време нема да се повтори. Сепак очекуваме во 2024 година да се постигнат бројките на туристи од 2016 та, но тоа е возможно само доколку приватниот сектор се посвети и обебзбеди услови за развој на пост-ковид туризмот“, вели Јаневски. Во едно сите се со ист став а тоа е дека иднината на Македонија е во промоција на активниот туризам, нешто што особено би можело да се развива во пост-ковид времињата. Едногласни се дека навиките на туристите се променети, па се повеќе сакаат активно да учествуваат во патувањата и да слушаат автентични приказни за прекрасните места и локации.

(Текстот е изработен во заеднички проект на весникот КОХА и весникот Виести од Црна Гора)