Трифун Костовски: Пари биле пласирани во струмичкиот регион, директорот на Еуростандард одработувал за СДСМ

32

Николче Петковски, долгогодишен директор на Еуростандард банка, одработувал за себе и за политички партии, а големи средства од банката се одлевале во во струмичкиот регион, изјави акционерот во Еуростандард банката бизнисменот Трифун Костовски.

Костовски тврди дека пред година и половина дознал дека директорот Петковски, иако добар познавач на банкарството и „човек на место“, сепак одработувал за политички партии, за СДСМ, каде што бил член.

„Големи средства од банката се пласирани во струмичкиот регион, во „Галафарм“, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно и упорно таму се пикале пари“, изјави Костовски.

Тој вели дека како еден од сопствениците на банката не бега од одговорност.

„Ние не бегаме од одговорност, имаме аша вина што не дозволивме службите во банката да истераат сѐ на виделина и да го кажат својот збор. Туку цело време од страна на Управниот одбор беа тапкани по глава да не смеат да кажуваат ништо, ниту на Надзорниот одбори, за сите девијантни појави, а не дека такви не беа нотирани.Нотирани беа, меѓутоа сите бевме некако заслепени“, изјави Костовски.